На почеток
     
Продолжува училишниот сервис на ЕВН Македонија

Училишниот сервис на ЕВН Македонија продолжува и оваа учебна година. Како и изминатите две години кога за прв пат почна реализацијата на овој проект така и  учебната 2008/09 компанијата ќе биде присутна и меѓу своите најмлади корисници, преку едукативни часови да им  објасни  како разумно да ја користат електричната енергија, да им ги претстави нејзините опасности и начините како да се заштитат од истите.

 

Во текот на учебните 2007/08 и 2008/09 беа посетени 181 училиште, беа одржани 957 работилници со кои беа опфатени 22 354 ученици.

Искуството од минатите две години покажа дека ваквиот начин на комуникација со најмладите беше срдечно прифатен од страна на самите ученици, нивните родители како и наставниците и директорите на училиштата.
На интересен начин преку слики, различни едукативни средства и интерактивна соработка и заедничка комуникација со учениците, часовите беа пратени со голем интерес и задоволство.

Оваа учебна година- 2009/10, ќе се посетат 70 училишта- 35 во првото и 35 во второто полугодие, а со тоа 6890 ученици преку 318 работилници ќе имаат можност одблизу да се запознаат со ЕВН Македонија.
Исто така компанијата продолжува со реализација на квизовите на крајот од секое полугодие.
Учениците, како и претходната така и оваа година ќе имаат можност да се претстават со свои литературни и ликовни творби на тема ел.енергија, за што најкреативните ќе бидат наградувани.
Нивните дела ќе бидат истакнати на веб страната www.kids.evn.com.mk наменета за најмладите потрошувачи. Истата е креирана уште минатата година со цел да се постават сликите од реализираните часови на посетените училишта, како и сите останати активности кои се дел од училишниот сервис на ЕВН Македонија.