На почеток
     

Драги деца, родители, наставници, драги потрошувачи!

Со голема радост сакаме да ве известме дека и оваа учебна година продолжува Училишниот сервис на ЕВН Македонија АД.

За што поточно се работи?

Загрижени сме за доброто на сите наши потрошувачи, па затоа одлучивме да ги посетиме оние кои секому се најважни – најмалдите. Би сакале да ги посоветуваме како разумно и внимателно да ја користат електричната енергија.
На крајот од секој час подготвивме мало слатко изненадување!
Искуството од минатите две години покажа дека ваквиот начин на комуникација со најмладите беше срдечно прифатен од страна на самите ученици, нивните родители како и наставниците и директорите на училиштата.

На интересен начин преку слики, различни едукативни средства и интерактивна соработка и заедничка комуникација со учениците, децата со голем интерес и задоволство внимаваат на часовите.

Во текот на учебните 2007/08 и 2008/09 беа посетени 181 училиште, беа одржани 957 работилници со кои беа опфатени 22 354 ученици.
Оваа учебна година- 2009/10, ќе се посетат 70 училишта- 35 во првото и 35 во второто полугодие, а со тоа 6890 ученици преку 318 работилници ќе имаат можност одблизу да се запознаат со ЕВН Македонија.

На оваа Интернет страна ќе може да ги погледнете сите активности кои ги планираме во иднина, како и фотографии од посетите на училиштата.
Би сакале да се заблагодариме на сите оние кои ни помагаат да го оствариме овој проект. Посебно благодарам до невладините организации Конект, МАЦЕФ, Жетва на знаење и Младински Совет Охрид кои ни помагаат при посетите на училиштата низ Републиката.
Соработката со граѓанскиот сектор е особено важен и овие партнерства планираме да ги негуваме

Секогаш тука за вас,
ЕВН Македонија